Поврзете се со нас

Англија

Хојлунд донесе победа за Јунајтед и ги замолкнуваше критичарите, Челси реди триумфи на крајот од сезоната (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед се врати на победничките патеки во Премиер лигата и тоа го направи на мечот против Њукасл, што всушност денеска претставуваше директна битка за седмото место на табелата.

Ерик Тен Хаг доби помош од играчите кои беа во аут и во тимот се вратија Бруно, Рашфорд и Мартинез, па токму капитенот Фернандеш беше еден од инспираторите на триумфот со точните додавања и асистенцијата до Хојлунд при голот за 3:1.

Домашниот тим поведе со голот на Маино кој доби извонредна топка од Диало, но Њукасл успеа да одговори и израмни на почетокот на вториот дел и најави возбудливи 45 минути.

Гордон се најде на вистинско место по додавањето од Марфи, но Јунајтед сепак имаше уште сила во себе и до крајот постигна уште два гола во мрежата на гостите.

Диало со фантастичен гол го врати домашниот тим во предност, а Хојлунд со голот во 84-та минута ја потврди победата и при прославата ги замолкнуваше критичарите.

Њукасл постигна уште еден гол во судиското продолжение за конечни 3:2 (стрелец беше Хал), но сепак не успеа да избегне пораз на „Олд Трафорд“.

Оваа вечер, нова победа забележа и Челси кој стигна до четврти триумф во низа на крајото од сезоната, па сега тимот на Покетино е осамен на шестата позиција.

„Сините“ го победија Брајтон на гостински терен со 1:2, пред се благодарение на головите на Палмер и Нкунку. Во самиот финиш, почесен гол за Брајтон постигна Велбек.

Головите погледнете ги ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни