Лига Европа
Хојлунд беснееше на еден соиграч, Сколс вели дека напаѓачот е во право: Криминален потег за професионално ниво (Видео)

Манчестер Јунајтед беше далеку подобар ривал од Реал Сосиедад во првото полувреме и заслужи да има многу подобар резултат од почетните 0:0, но една од причините поради кои не постигна гол беа лошите одлуки кои ги носеа играчите во клучните моменти.
Избраниците на Рубен Аморим повторно покажаа дека не знаат доволно добро да ги користат своите напаѓачи, па во една ситуација од првото полувреме, се виде и јасна фрустрација од Расмус Хојлунд.
Една од причините поради кои не дава голови е и фактот што не добива употребливи топки од своите соиграчи, нешто за што доказ е и нелогичниот потег на Дало кога го имаше Данецот осамен во шеснаесетникот.
Оваа реакција на дефанзивецот го налути Хојлунд кој нервозно негодуваше откако не доби топка, а целата ситуација ја испрати и легендарниот Пол Сколс, кој во дадениот случај застана зад напаѓачот.
– Јунајтед требаше да води на полувреме, особено после акцијата во која Дало го имаше Хојлунд. Јунајтед има опасни играчи, но не се доволно искористени од соиграчите. Дало да не види дека неговиот напаѓач е осамен, тоа е криминално за ова ниво. Хојлунд добро истрча и ја испрати акцијата, а еден десен бек да не го види тоа е криминално на ова професионално ниво, – посочи Сколс.
A professional football player should be looking up when running towards the call and cross it first time but dalot can't. Fire every scout who can't see such a basic flaw https://t.co/fKCaSiBFJ7 pic.twitter.com/Mhk8qZFthd
— Kavi (@blurt2kc) March 6, 2025
-
Свет20 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Англија15 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Балкан8 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија18 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Свет18 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)