Поврзете се со нас

Англија

Хојлунд брутално го истрола капитенот на Сити по големата дерби победа (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Навивачите на Манчестер Јунајтед го слават Амад Диало кој беше клучен за пресвртот на „Итихад“, но истото важи и за неговите соиграчи кои веднаш му честитаа на крилото за одлучувачките потези на „Итихад“.

Амад најпрво се избори за пенал и му овозможи на Бруно да израмни на 1:1, за потоа во 90-та минута да погоди за 1:2 и да се погрижи за студен туш за домашните навивачи.

Играчите на Јунајтед ја препознаа фудбалската симултанка на Диало и веднаш му честитаа за јуначкото издание, но Расмус Хојлунд е првиот кој реши да додава „масло на огнот“ и да му дава зајадлива страна на дербито.

Данскиот напаѓач испрати јасна порака за тоа кој тим е број еден во Манчестер, но не пропушти и брутално да го истрола противничкиот капитен, Кајл Вокер.

Двајцата имаа еден дуел во првиот дел по кој дефанзивецот театрално падна на земјата, па Хојлунд го вметна истиот и во својата објава со која направи резиме за дербито.

– Манчестер е црвен…. Љубичиците се сини…. Какво брилијантно издание… Но, Оскарот оди за……., – порача Хојлунд, јасно алудирајќи на Вокер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни