Англија
Хојбјерг за искрениот Конте: Мора да ги образложи критиките пред нас…

Италијанскиот стратег, Антонио Конте беше многу лут по ремито на неговиот Тотенхем против Саутемптон по што реши отворено да ги нападне играчите за кои порача дека се себични, дека им фали тимски дух, но и дека едноставно не можат да одговорат на притисокот.
Ваквите зборови најверојатно ќе му донесат отказ на Конте, но во меѓувреме со реакција се јавија и дел од играчите, па данскиот репрезентативец Пјер-Емил Хојбјерг порача дека ја цени искреноста на менаџерот, ама во исто време оти мора тој да зборува со нив и ги објасни сите тие критики.
-Тој даде многу искрена и многу отворена прес -конференција. Тоа е затоа што не е задоволен. Вие не го правите тоа ако дојдете до четвртфинале во Лигата на шампионите и ако сте во полуфиналето на ФА Купот. Јас разбирам дека ако сакате да бидете успешни како тим, потребни ви се 11 мажи кои се посветени на проектот и културата. Но мислам дека мора да образложи како се чувствува пред вие како играч да почнете да мерите и вагате, -истакна Данецот.
-
НБАпред 22 часа
Јокиќ го полнеше кошот на Мајами, Џексон на урнебесен начин ја опиша неговата игра (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти нема дилема: Тоа е најголемиот проблем во фудбалот
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Англијапред 10 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
Светпред 11 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
АТПпред 20 часа
Кореча: Не е лесно да се победи Ѓоковиќ во три сета
-
АТПпред 7 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Францијапред 21 час
ПСЖ повторно го побарал Зидан, легендарниот ас експресно одговорил на понудата