Хоџсон со мини провокација до Гвардиола: Очигледно не сум ја научил лекцијата

pep-roj

Пеп Гвардиола уште еднаш мораше да гледа како неговиот тим на драматичен начин испушта бодови во самата завршница, откако Манчестер Сити успеа да прими гол во ситуација кога се чинеше дека постигна победнички гол.

Кун Агуеро погоди за 2:1 во 87-та минута, но веднаш после тоа, Сити прими гол откако несреќниот Фернандињо си постигна автогол. Ова сценарио е уште еден доказ дека Сити има големи проблеми во одбраната, па и покрај цела доминација во текот на мечот, „граѓаните“ на крајот мораа да се задоволат само со бод, кој пак искусниот Рој Хоџсон го искористи за да испрати една мини провокација во микс зоната.

– Пред да дојдам тука, новинарите ме прашаа што сум научил од Пеп Гвардиола. Помислив дека вистинскиот одговор е „да загубам“, но денеска не се случи тоа. Очигледно не сум ја научил лекцијата доволно добро, – изјави Хоџсон.

Facebook Коментари