Поврзете се со нас

Англија

Ходл со совет до младатата англиска ѕвезда: Оди на психолог, мораш да го исфрлиш тоа од својот систем

Објавено

на

Глед Ходл е една од големите имиња на англиската сцена, човек кој долги години играше за Тотенхем, Свиндон и Челси, беше редовен англиски репрезентативец, а потоа и го водеше националниот тим во периодот од 1996 до 1999 година.

Низ досегашната кариера и живот се има соочено со многу ситуација, искуството е на негова страна, па поради тоа одлучи да му даде совет на младиот Букајо Сака.

Сака беше играчот кој го промаши последниот пенал на финалето на ЕП за да потоа бидат испратени расистички навреди, пораки кон него на социјалните мрежи. Со оглед на тоа што има само 19 години ова се дефинитивно удари за него, па Ходл смета дека офанзивецот треба да посети психолог за да на најдобар чаин се спрати од оваа ситуација и излезе како победник од истата затоа што кариерата е допрва пред него.

-Младиот човек треба да заборави на ова летово, да замине на одмор и да го тргне од неговиот ум. Потоа треба да се справи на позитивен начин и можеби ќе добие помош во тоа. Може да помине уште десет години од кариерата пред да го тргне тоа од рамењата.

-Или би можел да заврши некоја работа со психолог, кој ќе го седне, ќе помине со него нив ова за да го прифати и да се чувствува сигурен во изведувањето на пеналите. Ако не го стори тоа, ќе треба подолг временски период за да излезе од неговиот систем. Тоа го стекнувате со искуство, но не мора да чекате додека имате 28 или 29 години за да го надминете,-вели Ходл и додава:

-Визуелизацијата и спортската психологија му се потребни, само за да може повторно да го прегледа во својот ум: овој пат тој постигнува гол и добива чувство дека дава гол. Секоја клетка во неговото тело во моментот размислува негативно. Ама прво Букајо оди на одмор, пробај, исклучи се и не размислувај за тоа, -порача некогашниот играч за врска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни