Поврзете се со нас

НБА

Хјустон и Далас одиграа супер натпревар, Харден и Дончиќ во центарот на вниманието

Објавено

на

blank

Синоќа продолжија натпреварите од НБА Лигата, а најголемо внимание привлече дуелот помеѓу Хјустон Рокетс и Далас Маверикс.

На крајот на победата по продолженија се израдуваа „ракетите“ кои го добија натпреварот со 153:149.

Одлична партија за Хјустон имаше Џејмс Харден кој постигна 49 поени на кои надополни девет скокови и осум асистенции, додека Вестбрук натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок со 31 поени и 11 скокови.

Во тимот на Далас се истакна Кристапс Порзингис со 39 поени и 16 скокови, додека Лука Дончиќ запиша нов трипл-дабл во кариерата со 28 поени, 13 скокови и 10 асистенции.

Резултати:

Бруклин- Орландо 118:128

Портланд- Мемфис 140:135

Вашингтон- Феникс 112:125

Милвоки- Бостон 119-112

Сан Антонио- Сакраменто 129-120

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни