Хит во Пјонгчанг: Гол Британец влета на мразот за да испрати благородна порака (Видео)

mark-roberts

Марк Робертс не е спортист, а сепак стана една од најголемите ѕвезди на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Начинот на кој го постигна тоа е неговиот храбар потег да се најде на едно од олимписките борилишта речиси без облека на себе и да ја испрати благородната порака која ја подготви.

Британецот има направено вакво блиц појавување на спортски настани повеќе од 500 пати, а по Супер Боулот во 2004 година, како и шоуто на Вимблдон и Ролан Гарос, појавувањето во Пјонгчанг повторно го направи хит во медиумите.

Робертс овојпат успеа да дојде до патеката за брзо лизгање, привлече внимание бидејќи на себе имаше само розево здолниште и плишан мајмун на најспецифичниот дел од телото, на кое пак беше испишана пораката „Мир и љубов“.

Facebook Коментари