Поврзете се со нас

Свет

Хит видео: Митревски со фудбалска финта го погоди судијата на незгодно место (Видео)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски има фантастична сезона во дресот на Порто, а тоа го потврди и со настапот на дербито против Спортинг.

Забележа 10 одбрани од кои повеќето во клучните моменти кога Порто правеше пресврт по сериозната негатива во дуелот со гостите од Лисабон, а за својот настап повторно доби пофалби од тренерот Андерсон.

Но, од средбата меѓу Порто и Спортинг се издвојува и едно хит видео, кое сигурно ќе стане вирално меѓу ракометните фанови.

Во него во главна улога е токму Митревски, а македонскиот голман со една фудбалска финта успеа да го погоди судијата на незгодно место, нешто што навистина ретко се случува на ракометните терени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни