Шпанија
Хит снимка од финалето: Само двајца играчи на Реал не го бакнале трофејот на „Вембли“ (Видео)
Големото финале во Лигата на шампионите се одигра пред точно десет дена, па иако цела јавност е фокусирана кон Европското првенство кое следи, денеска едно видео стана посебно вирално на социјалните мрежи.
Играчите на Реал се навикнаа да го освојуваат популарниот „клемпавко“ во последната деценија, а бидејќи четворица играчи стигнаа до шести трофеј во најелитното натпреварување, двајца од нив посебно се најдоа во центарот на вниманието.
Дел од одбраното друштво се Крос, Модриќ, Начо и Карвахал, но првите двајца биле до толку ладни по победата над Борусија, што не ни почувствувале потреба да го бакнуваат трофејот.
Сите играчи на Реал го бакнале трофејот кога минале блиску до него, меѓутоа Лука и Тони не го ни погледнале истиот откако по шести пат станаа европски шампиони.
Ова доволно покажува дека легендарните играчи за врска се навикнаа да победуваат во финалињата, па триумфите почнаа да ги доживуваат како обична победа на секој меч.
The Real Madrid players kissing the Champions League trophy.
Meanwhile Toni Kroos and Luka Modric:
— TC (@totalcristiano) June 10, 2024
-
АТП23 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП20 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија19 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Шпанија3 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Англија18 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија2 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда
-
АТП15 часа
Ѓоковиќ: Реалноста ме погоди во глава и тешко ми е да го прифатам тоа!