Хит приказна во Шпанија: Какви се последиците кога Зидан ќе предизвика сообраќајна незгода (Фото)

zizu-audi2

Зинедин Зидан важи за вистински џентлмен на фудбалските терени и надвор од нив, а сега одново го оправда ваквиот епитет, откако во јавноста се актуелизираше една приказна која ја сподели човек кој бил дел од незгода која всушност ја предизвикал тренерот на Реал Мадрид.

Зизу имал мал момент на невнимание изминатава сабота при излегувањето од Валдебебас центарот, со кое успеал да предизвика мала сообраќајна несреќа која на крајот завршила со насмевка на лицата и селфи. Игнасио Фернандез ја сподели својата уникатна приказна за „Партидасо де Копе“ и долови како реагирал кога видел дека во неговиот автомобил се забил Зидан, по што не ја пропуштил приликата да го овековечи моментот и да си обезбеди селфи.

– Кога излегов од автомобилот и кога видов кој е во другиот, веднаш го препознав и му реков дека ќе беше многу подобро да го запознаам во други околности, но дека и вака не е лошо. Кога видов дека е стварно Зизу, ми олесна бидејќи знаев дека се ќе биде брзо решено. Му го дадов мојот телефон и побарав да направиме селфи, бидејќи во спротивно, никој немаше да ми верува дека сум имал незгода со Зидан. Беше навистина срдечен и се согласи. Ја тргна капата и направивме фотографија. Дури на шега му реков дека не мора да направиме ништо, само да си ги замениме автомобилите. Подоцна ми се јави неговиот претставник и веднаш го решивме случајот, – открива Игнасио.

Facebook Коментари