Хит на интернет од големото турско дерби: Како се доживува промашена златна шанса во последната минута (Видео)

fener-galata

Фенербахче и Галатасарај го одиграа големот турско дерби во текот на вчерашниот ден, а наспроти сите спектакуларни најави и феноменални пиротехнички шоуа од навивачите, ситуацијата на теренот беше далеку помирна, барем кога се во прашање головите бидејќи мрежите на крајот мируваа во текот на сите 90 минути.

Вечните ривали ги поделија бодовите во натпревар во кој најубавите шанси ги видовме во самата завршница од мечот, а во истата најпрво се истакна Муслера, а потоа и Демирел. Дефинитивно, последната шанса ја имаше Галатасарај преку Јунес Беланда во 94-та минута, но наместо да шутне силно, одлучи да пласира, а таквата намера му ја прочита искусниот Демирел.

Оваа ситуација секако предизвика голема нервоза меѓу фановите на Галата кои се најдоа на трибините, а како им беше оние кои го следеа мечот во домашна атмосфера погледнете на видеото кое стана хит на социјалните мрежи….

Facebook Коментари