Хит на интернет: Мајагерито на Евра во стилот на Кантона доби безброј анимации, но една посебно доминира (Фото)

evra-majageri

Патрис Евра направи нешто што никој претходно го немаше направено во второто по ранг натпреварување во Европа, откако во пресрет на мечот меѓу неговиот Марсеј и Гимараеш заработи црвен картон уште пред натпреварот да биде официјално стартуван.

Тоа се случи за време на загревањето, а причина за исклучувањето е пресметката која ја имаше Евра со своите фанови, односно мајагери ударот кој му го зададе на еден навивач на Марсеј кој тргна да се пресметува со него. Искусниот Французин до овој момент се уште нема дадено изјава за инцидентот, но затоа неговиот кунг-фу удар во стилот на Ерик Кантона брзо ги обиколи социјалните мрежи и доби безброј анимации.

Евра доби милиони карикатури за својот момент на исклучување, но сепак посебно се издвојува фотошопот на кој е прикажано како му мава мајагери на Конор МекГрегор….

Facebook Коментари