Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Хит меѓу навивачите на Арсенал: Изјавата на Перишиќ е најсподелувана по историскиот потоп за ПСВ (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Арсенал му нанесе историски дебакл на ПСВ во Лигата на шампиони среде Ајндховен во натпревар кој ќе остане во немило сеќавање на холандските навивачи, од едноставна причина што англискиот премиерлигаш беше немилосрден до таа мера, што успеа да постигне седум гола во мрежата на ривалот.

Тимот на Микел Артета беше расположен како ретко кога и успеа да победи со неверојатни 1:7, резултат кој дефинитивно долго ќе го прогонува и Иван Перишиќ.

Искусниот Хрват беше најхрабар во најавата за вечерашниот натпревар и посочи дека ПСВ има добра шанса да го победи Арсенал, особено поради тоа што тимот од Северен Лондон најчесто не знае да се справи на важни натпревари како осминафинел во Лига на шампиони.

Таквата изјава на Перишиќ многу брзо му се одби од глава, па сега крилниот напаѓач е главна мета за потсмев меѓу навивачите на Арсенал.

Седумте парчиња во мрежата на ПСВ значат дека Арсенал е првиот тим во историјата кој постигнал толку многу погодоци во еден нокаут натпревар на гостински терен, а сласта за навивачите е уште поголема бидејќи сите 90 минути на теренот ги одигра Перишиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни