Хит број еден на Островот: Реакцијата на Гвардиола за споредбите меѓу Меси и Салах (Видео)

pep-zuti

Пеп Гвардиола во текот на денешниот ден четврти пат во низа беше избран за тренер на месецот во англиската Премиер лига, а набрзо после тоа, предводникот на Манчестер Сити имаше закажано соочување со новинарите во пресрет на новиот предизвик кој го чека неговиот тим.

Актуелниот лидер во Премиер лигата во недела го очекува навистина сериозен испит со оглед на тоа што Сити му гостува на Ливерпул на „Енфилд Роуд“, а пред закажаното дерби, Гвардиола доби навистина интересно прашање од еден новинар на кое имаше урнебесна реакција.

Пеп едноставно не можеше да поверува дека некои луѓе прават споредби меѓу Меси и Салах, па побара од преведувачот да му потврди дали добро слуша и дали тоа е прашањето кое бараат да го одговори.

– Јас имам огромен респект кон Салах, навистина многу го почитувам. Но бидејќи многу го почитувам, исто така сакам да му помогнам. Сакам да му кажам дека најдобро ќе биде за него да направи да го споредуваат со друг играч, – порачува Пеп.

Facebook Коментари