Хит број еден на интернет: Освои бронза со 16 години, но личи како да има барем 30 повеќе! (Фото)

atletika-vozrast

Во моменти кога фудбалските фанови можат да здивнат од случувањата на Светското првнство каде денес и утре се слободни денови, на социјалните мрежи во изминативе неколку часа посебен хит стана една дебата која се отвори од страна на симпатизерите кои ја следат атлетиката, а повод во дадениот случај е една атлетичарка која доаѓа од Етиопија.

Изминативе денови се одржуваат светските првенства во атлетика за натпреварувачи под 20 години во градот Тампере, а еден од натпреварите во женска конкуренција се истакна во однос на другите поради појавата на Гирмавит Гебзихаир. Во официјалниот записник, за атлетичарката од Етиопија се вели дека има 16 години и всушност настапуваше во трката на девојки до оваа возраст, но сепак таа со својот изглед предизвика многу реакции на социјалните мрежи, бидејќи многумина се сомневаат дека таа се уште е тинејџерка.

Нејзината фотографијата стана вирална на социјалните мрежи и поради тоа што освои бронзен медал на трката на 5000 метри до 16 години, а фановите и голем дел од медиумите тврдат дека од физичкиот изглед може да се заклучи дека таа е постара барем 20 до 30 години.

Facebook Коментари