Хиршер со велеслаломска победа го надмина легендарниот Томба

WCup Mens Giant Slalom Skiing

Марсел Хиршер оствари уште една победа во Светскиот куп во алпско скијање, овојпат на велеслаломската трка во Аделбоден, со што ја зголеми предноста во генералниот пласман.

Австриецот повторно беше поуспешен од најголемиот ривал Хенрик Кристоферсен кој имаше за 17 стотинки послабо време, додека Французинот Алексис Пинтуро го освои третото место.

За Хиршер ова беше 51. победа во Светскиот куп, со што стигна до третото место на вечниот ранкинг за најмногу победи, потиснувајќи го Алберто Томба една позиција подолу. На лидерот во СК му се потребни четири победи за да го надмине Херман Мајер, а рекордер е Ингеман Стенмарк со дури 86 победи.

Facebook Коментари