Хиршер победи на првиот велеслалом во новата сезона

WCup Mens Giant Slalom Skiing

Марсел Хиршер е победник на велеслаломската трка возена денеска во Бивер Крик, прв натпревар во оваа дисциплина во новата сезона од Светскиот куп во алпско скијање.

Австриецот имаше трето време по првото возење, но успеа да се подобри во втората етапа и стигна до највисокото место на победничкиот пиедестал.

Второто место му припадна на Хенрик Кристоферсен, додека Штефан Луиц од Германија го освои третото место. Во генералниот пласман во СК води Кјетил Јансруд од Норвешка пред својот сонародник Аксел Лунд  Свиндал.

Facebook Коментари