Хиршер на Сљеме стигна до 50. победа во кариерата

SKI-WORLD-AUT

Марсел Хиршер не дозволи изненадување на слаломската трка на Сљеме и со новиот триумф стигна до 50. јубилејна победа во Светскиот куп во алпско скијање.

За Австриецот ова е четврта победа на трката во Хрватска, а до првото место стигна со само пет стотинки предност во однос на сонародникот Михаел Мат, додека неговиот голем ривал Хенрик Кристоферсен го освои третото место.

Хиршер води во пласманот во слалом, но и во генералниот пласман во Светскиот куп, додека Кристоферсен е на второто место со 94 бодови заостанување.

Facebook Коментари