Хиршер ја осигура рекордната шеста титула во Светскиот куп

EPA/PETER SCHNEIDEREPA/PETER SCHNEIDER

Марсел Хиршер триумфираше на денешниот велеслалом во Крањска Гора, а со оваа победа го обезбеди новиот трофеј, односно Големиот кристален глобус во Светскиот куп во алпско скијање.

Теоретски потврдената прва позиција значи дека Австриецот шеста година по ред доаѓа до ваков успех и ја продолжува доминацијата во Светскиот куп, а притоа го собори и рекордот на Марко Џирардели кој пет пати го освојуваше Глобусот. Хиршер стигна и до третиот Мал кристален глобус во дисциплината велеслалом.

На денешниот велеслалом во Крањска Гора, второто и третото место им припаднаа на Норвежанецот Хауген, односно Швеѓанецот Олсон.

 

Facebook Коментари