Хиршер го обезбеди и второто олимписко злато во Пјонгчанг

Marcel-Hircher2

Марсел Хиршер победи на олимпискиот велеслалом во Пјонгчанг и со тоа стигна до вториот златен медал на оваа зимска олимпијада.

Фантастичниот Австриец повторно се погрижи да го совлада најголемиот ривал Хенрик Кристоферсен од Норвешка (со предност од 1,27 секунди), додека Французинот Алекс Пинторо го освои бронзениот медал.

Хиршер претходно победи и во комбинација, а велеслаломскиот триумф е одлична најава дека ќе оди на хет-трик во пресрет на слаломот каде повторно ќе биде прв фаворит за златото.

Facebook Коментари