Хиршер со драматична слалом победа до прво место во генералниот пласман

WCup Mens Giant Slalom Skiing

Марсел Хиршер победи на слаломската трка возена денеска во Мадона ди Кампилјо, а до триумфот стигна со минимална предност во однос на двајцата скијачи кои на крајот му правеа друштво на победничкиот пиедестал.

Австриецот ги заокружи двете возења со четири стотинки подобро време од Лука Аерни од Швајцарија и својот голем ривал Хенрик Кристоферсен од Норвешка кој мораше да се задоволи со третото место.

Хиршер победи и покрај тоа што направи грешка во второто возење, а за него ова е 49-та победа во натпреварите во Светскиот куп во алпско скијање. Овој успех го одведе и на првото место во генералниот пласман во актуелната сезона.

Facebook Коментари