Поврзете се со нас

НБА

Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)

Објавено

на

Саботната вечер на Ол-стар натпреварите секогаш е резервирана за забивањата, натпреварите во тројки и натпреварот во вештини, а овојпат доста интересни за гледање беа сите категории.

Мек МекЛанг испиша историја со третата титула во низа на натпреварот во тројки, додека како најдобар тројкаш се покажа Тајлер Хиро од редовите на Мајами.

Хиро се покажа како најдобар „снајперист“ кога беше најпотребно и победи во финалето, откако претходно едвај се проби до финалето со само 19 поени во првиот обид.

Кога беше најважно, Хиро погоди две зелени топки кои носеа по три поени, па така со вкупно 24 поени се стекна со приматот „најдобар тројкаш“ во Сан Франциско. Втор на натпреварот заврши Бади Хилд, додека разочарување на вечерта беше Демијан Лилард кој не ја мина првата рунда.

Во натпреварот во вештини, како најснаодливи се покажаа Донован Мичен и Еван Мобли од Кливленд, втори завршија Грин и Муди од Голден Стејт, додека циркусот на вечерта го режираа Виктор Вембенјама и Крис Пол.

Двоецот на Сан Антонио ги исмеа и си поигра со Ол-стар правилата и постави најдобро време такашто воопшто не губеше секунди за да се испратат удари, па на крајот беа дисквалификувани откако добија и жестоки свирежи од сите во салата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни