Химназија ја потврди разделбата со Марадона

maradona

Аргентинскиот клуб Химназија Ла Плата денеска потврди дека легендарниот Диего Марадона веќе не е тренер на сениорскиот тим.

Марадона најави дека ќе се повлече од функцијата ако актуелниот претседател не се кандидира на претстојните претседателски избори, а денеска е потврдено дека против Арсенал Саранди екипата ќе ја води досегашниот помошник на Дон Диего.

Химназија победи на три од последните пет натпревари во аргентинското првенство, но се уште е трета одназад на табелата во шампионатот.

Facebook Коментари