Поврзете се со нас

Италија

Хименез: Тешки се натпреварите во Серија А, моравме…

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Милан со два гола во второто полувреме успеа да слави на гостувањето кај Емполи во Серија А.

Откако на теренот двете екипи останаа со по десет играчи, оваа ситуација подобро ја искористија гостите од Милано кои преку резервистите Рафаел Леао и Сантијаго Хименез стрелаа во 68 и 76 минута за десетто славје на „црвено-црните“ во шампионатот.

За напаѓачот Хименез ова воедно беш деби погодок во новиот клуб за кого претходно забележа асистенција во Куп соочувањето со Рома.

-Навистина сум благодарен на тимот, ова беше добра можност да дојдам овде. Натпреварите се секогаш тешки во Серија А, па моравме да притискаме навистина силно, но успеавме, -рече Мексиканецот кој даде краток коментар за следниот меч против Феенорд во ЛШ, тимот за кого буквално настапуваше до „вчера“.

-Ќе биде навистина тешко, тоа се многу емоции бидејќи Феенорд ми даде многу, тие ми се како семејство, -порача голгетерот за „Дазн“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни