Поврзете се со нас

Шпанија

Хименез со лудачки старт шокираше во Ријад, Билбао ќе ја брани титулата против Реал (Видео)

Објавено

на

Атлетико Мадрид е далеку од својата препознатлива форма која го однесе до титулата во Примера минатата сезона, за што потврда добивме и оваа вечер во второто полуфинале во Суперкупот.

Откако Реал Мадрид вчера ја победи Барселона во возбудлив меч со 3:2, вечерва силите ги одмерија Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао, со тоа што тимот од Баскија славеше со пресврт и втора година по ред ќе игра во финалето.

Атлетик минатата година ја освои титулата во Суперкупот победувајќи ја Барселона, а сега ќе се обиде да го одбрани овој трофеј во дуел против Реал.

Тимот на Марселино имаше негатива со автоголот на Унаи Симон, но потоа во период од четири минути режираше пресврт и ги сврте работите во своја корист. Јерај Алварез израмни на 1:1 во 77-та минута, а четири минути подоцна погоди Нико Вилијамс за водство на Атлетик.

Мадридскиот тим се обиде да реагира и да стигне до израмнување, но наместо тоа, видовме лудачки старт од стоперот Хименез во 94-та минута, па сосема логично е што доби црвен картон и што замина во соблекувалната малку порано од своите соиграчи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни