Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Хименез: Многу сме разочарани, се чинеше дека Феенорд…

Објавено

на

foto:x.com/CBSSportsGolazo

Милан го заврши настапот во Лигата на шампионите и тоа откако на неговиот пат се најде холандскиот претставник Феенорд кој двомечот со калчолигашот го доби со вкупни 2-1.

По негативниот резултат на првиот меч (1-0), италијанскиот клуб имаше перфектен старт на реваншот и веднаш повеќе преку погодокот на зимското засилување Сантијаго Хименез, но домаќините оваа позитивна дополнителна енергија не ја искористија и на пауза заминаа со минимално водство.

Во вториот дел домаќините останаа без Тео Ернандез кој заработи втор жолт картон, па оттука се променија работите, гостите беа повеќе активни и дојдоа до погодок за 1-1 што на крајот се покажа како доволен затоа што тоа беше конечниот резултат на „Сан Сиро“.

-Многу сме разочарани. Почнавме добро и веднаш постигнавме гол. Се чинеше дека Феенорд не може да ни наштети, но во фудбалот се може да се смени во секунда. Сега не смееме да гледаме назад, туку само напред. Работиме во тишина за да ги постигнеме нашите цел, -истакна Хименез кој запрашан за црвениот картон на Тео, тој одговори:

-Денес тоа му се случи на Тео, но може да му се случи на секого. Како тим му даваме целосна поддршка. Тој секогаш дава се и е еден од најдобрите бекови во светот, -подвлече Мексиканецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни