Шпанија
Хименез ја замолкна „Месталја“, Атлетико изби на првото место (Видео)

Атлетико Мадрид е сериозен во намерата да се бори за титулата во домашното првенство, а тоа го покажа и на денешното жешко гостување на „Месталја“ кое беше можеби решено уште во првото полувреме.
„Воините“ на Диего Симеоне се познати по тоа дека тешко примаат гол кога први ќе поведат, но работата станува уште поневозможна за ривалот кога ќе дојдат до два погодоци предност.
Хулијан Алварез делуваше како казнена експедиција за двата пропусти во одбраната на Валенсија во првото полувреме, па со тоа го трасираше патот кон важна победа на „колчонеросите“.
По убавото водство, Атлетико се насочи кон бранење на резултатот и чекаше шанси од контра напади, па откако се одбрани од налетот на „лилјаците“ во првите 30 минути од второто полувреме, на крајот ги реши сите прашања околу победникот со трет гол во мрежата на Мамардашвили.
Грешката на Хави Гера иницираше контра на гостите, а истата во гол ја претвори „џокерот“ Кореа за конечни 0:3 на „Месталја“. Со оваа победа, Атлетико изби на првата позиција во Ла Лига и ќе чека исход од натпреварите на Барса и Реал до крајот на колото.
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Шпанија24 часа
Ниту Педри, ниту Јамал и Рафиња: Саки го посочи играчот кој најмногу му се допаѓа во Барселона
-
Светски првенства16 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија18 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија21 час
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП19 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација15 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства6 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)