Поврзете се со нас

Италија

Хименез донесе победа, Милан во добра серија на резултати (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA

Милан ја забележа третата победа на последните четири натпревари во Серија А, односно дојде до бројката од десет бода од вкупно дванаесет.

Избраниците на Консеисао оваа вечер беа подобри од Верона со 1-0 со погодокот на зимското засилување Хименез во самата завршница.

„Росонерите“ изведоа одлична акција во 75 минута по која на крајот Леао го проигра Мексиканецот кој ја смести топката во мрежата на Монтипо.

Ова за клубот од Милано беше единаесетто лигашко славје, вкупно 41 бод со што сега е на минус пет од четвртопласираниот Лацио.

ТУКА погледнете го голот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни