Шпанија
Хименес го најави малото градско дерби: Винисиус и Мбапе се талентирани, но омилен од Реал ми е некој друг
Клупскиот фудбал се враќа на сцена и претстојниот викенд на програмата ќе гледаме големи возбудувања во топ 5 лигите, особено поради тоа што натпреварите по репрезентативната пауза знаат да бидат навистина непредвидливи.
Реал Мадрид доби поволна вест од Сан Себастијан и поразот на Барселона од Реал Сосиедад значеше намалување на негативата, а „кралевите“ сега сигурно ќе сакаат да продолжат да победуваат и во малото локално дерби.
Реал ќе гостува кај Леганес во меч во кој влегува како апсолутен фаворит за трите бода, а противничкиот тренер го најави дуелот такашто го избра својот омилен играч од редовите на тимот кој го води Карло Анчелоти.
Борха Хименес во прв план го става Лука Модриќ, посочувајќи го Хрватот како играч кој има најголемо искуство и најголем квалитет за да го разигрува тимот.
– Омилен играч од Реал? Мислам дека тоа е Лука Модриќ поради се она што го покажа низ годините. Демонстрираше неверојатна способност да го воигрува тимот. Ги одведе Реал и Хрватска до најголемите висини во спортот. Јасно е дека Винисиус и Мбапе се талентирани играчи, но за мене на прво место е Модриќ, го сакам неговиот фудбал, – вели Хименес.
-
Англија20 часа
Артета со ист проблем како Венгер, навивачите на Арсенал имаа интересни коментари (ВИДЕО)
-
Шпанија19 часа
Ван Дер Варт за Мбапе: Тешко му е да прифати дека е „само уште еден играч“…
-
Свет19 часа
Реал во група со тимот на Нејмар и Митровиќ, Интер Мајами ќе игра на отварањето на Светското клупско првенство (ФОТО)
-
Свет18 часа
Кјелини за дебатата Меси или Роналдо: Ако треба да изберам еден за финале…
-
Италија16 часа
Лацио го исфрли Наполи од Купот на Италија (ВИДЕО)
-
Англија7 часа
Постекоглу имаше непријатно соочување со фановите на Тотенхем по новиот пораз, па го искоментира инцидентот (Видео)
-
Шпанија5 часа
Мијатовиќ за ситуацијата во Реал: Анчелоти мора да испрати некого „по ѓаволите“
-
Евролига17 часа
Партизан со лекција за европскиот шампион, Барселона ја прекина црната серија во Евролигата