Формула 1
Хил: Викендот во Имола беше тест за тоа што е разумно, а што не!

Трката за Големата награда на Сан Марино во 1994 година веќе три децении се опишува како „најцрниот викенд во историјата на Формула 1“, поради фактот дека тогаш во квалификациите загина Роланд Раценбергер, а во трката трагична несреќа имаше и трикратниот светски првак, Аиртон Сена.
Како по непишано правило, одбележувањето на денот на погибијата на бразилскиот ас е проследено со низа потсетувања за неговите постигнувања кои го издигнаа на ниво на легенда поради вонсериските перформанси, доминацијата во квалификациите, на дождливо време и воопшто со спартанскиот спортски стил кој беше негов заштитен знак.
Иако со истрагата за смртта и покренувањето на формално обвинение согласно италијанските закони беше истражуван случајот, три години подоцна обвиненијата против припадници на тимот беа отфрлени.
Сепак, Формула 1 се преструктуира и донесе повеќе заштитни мерки кои недостигаа, првично за да ги заштитат пилотите чие тело беше изложено на надворешни ризици, пред се подигањње на странични бариери до висина на кацигата, а последнава деценија и со воведување на таканаречениот ореол за дополнителна заштита.
– Секогаш помислувам на тоа како тој викенд се одвиваше, речиси е неверојатно. Наликуваше дека се е надвор од контрола. Навистина беше страшно, тоа беше вистински тест за нервите и за сфаќањата околу тоа што е разумно, а што не,- вели изјавата на Дејмон Хил, кој беше совозач со Сена во тимот на Вилијамс Рено.
29 April – 1 May, 1994. San Marino GP. Imola.
“Every time I think of how that weekend unfolded, it is almost unbelievable. Everything seemed out of control. It was honestly horrific and a real test of your nerve and one’s philosophy about what is sane and what is not.”~Damon Hill pic.twitter.com/C43lZ2VMnM— Ayrton Senna Tribute (@F1_AyrtonSenna) April 30, 2023
Видетото што е направено во чест на потсетување на пилотот кој што колку со своите дела во кариерата, толку и со својата смрт, ја промени Формула 1, можете да го погледнете само на официјалниот канал на YouTube.
-
Шпанијапред 15 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Италијапред 14 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Англијапред 18 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Германијапред 15 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 13 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 11 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 18 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 9 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)