Поврзете се со нас

Свет

Хезоња стави крај на сапуницата со објава каде ќе ја продолжи кариерата (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RMBaloncesto

Марио Хезоња се претвори во топ тема во кошаркарските кулоари во Шпанија во изминатите седум дена, а причина за тоа беше постигнатиот договор кој го оствари со најголемиот ривал на Реал Мадрид.

Хрватот имаше две одлични сезони во Реал Мадрид и по истекот на договорот се пренесе дека ги договорил сите детали за бомбастичен кам-бек во Барса, но после целиот притисок кој се направи во јавноста, самиот играч денеска потврди дека дошло до голем пресврт.

Хезоња на крајот одлучил да седне на маса со Реал Мадрид и да ја слушне последната понуда на „кралевите“, по што прсекол и донел одлука да остане „крал“.

– Како што сите знаете, после последниот натпревар во сезоната станав слободен агент и бев слободен да изберам каде ќе играм наредните години. Не постигнав договор со ниту еден клуб досега и како што кажав, од мене ќе ја слушнете првата официјална информација за мојата иднина.

– Реал Мадрид веруваше во мене кога многумина не веруваа, се грижеа за мене и за моето семејство од првиот ден кога пристигнав во Мадрид и се чувствувам како дома. Моја единствена желба беше да останам, па затоа сум пресреќен што ви соопштувам дека останувам во мојот дом, во мојот Реал Мадрид и тоа на долг рок! Хала Мадрид, – порача Хезоња.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни