Поврзете се со нас

Евролига

Хезоња со звукот на сирената донесе победа за Реал, шампионот со пеколна последна четвртина го суреди Жалгирис (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Реал Мадрид издвојуваа драматичен триумф над Басконија од 90:89 во шпанската пресметка во 23.коло во Евролигата.

„Кралевите“ го имаа последниот напад во „Визинк Центарот“ во Мадрид, па иако акцијата не одеше како што посакуваа, топката на крајот стигна до Хезоња кој го „излета“ Монеке и со тројка пред звукот на сирената донесе триумф за својата екипа.

Тоа за Хрватот беше четврта тројка, вкупно 22 поен и заедно со Кампацо (22) беа најефикасни кај победникот.

Панатинаикос пак три четвртини беше во загубена позиција со Жалгирис, но кошарката уште еднаш потврди дека е чудесен спорт, па актуелниот шампион завршните десет минути ги доби со 29:6 и се избори за славје од 89:76.

Нан со 26 кошеви беше лидер, Слукас со 16 беше второ име, а одлична поддршка беа Габриел со 15 и Ернангомез со 14 кошеви. Вокер за поразените реализираше 19 поени.

Останатите резултати: Макаби Тел Авив-Црвена Звезда 85:73, Виртус Болоња-Монако 80:86.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни