Поврзете се со нас

Свет

Хезоња се „исклучи“ на пријателски меч и сакаше да се тепа со судијата (ВИДЕО)

Објавено

на

Реал Мадрид се избори за победа над Монако од 77:75 во подготвителниот меч за новата сезона, меч кој беше одбележан од потегот на хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња.

Се играше последниот период кога влезе во рекетот и не постигна кош, ама сметаше дека е фаулиран во таа ситуација по што тргна со реакции кон судијата кој во прв момент му покажа технички што дополнително го разлуте играчот на Реал кој му се внесе во лице.

За брзо време пристигнаа неговите соиграчи кои го тргнаа на страна, а тој сосема заслужено беше испратен на ладење во соблекувалната.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни