Поврзете се со нас

Евролига

Хезоња доби техничка грешка на бизарен начин (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид вчера ја победи Црвена Звезда во пресметката од групната фаза на кошаркарската Евролига, со што ја прекина серијата порази и стигна до втора победа во елитното натпреварување.

Фановите на Реал можат да бидат задоволни пред се од играта во одбрана, бидејќи противникот постигна само 56 поени, но исто така имаат замерки и за однесувањето на Марио Хезоња.

Хрватот имаше проблематичен период, во кој во серија протестираше кај судиите, за на крајот да добие техничка грешка на бизарен начин.

Хезоња со одличен дефанзивен потег му ја одзема топката на Бен Бентил, но реши тоа да го надополни со гестикулација со раката, што за судиите беше доволно да ја прекинат играта и да го казнат Реал.

Ситуацијата можете да ја видите на следниот линк

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни