Поврзете се со нас

Евролига

Хезоња до играчот кој е најомразен меѓу навивачите на Партизан: Ти ја промени сезоната за нас (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RMBaloncesto

Гершон Јабуселе доби суспензија од пет меча поради тоа што го тресна Данте Егзум од земја на вториот натпревар меѓу Реал Мадрид и Партизан, но тоа што требаше да претставува дополнителен мотив за српскиот великан, на крајот се претвори како иницијална каписла за историски пресврт и на крајот освоена титула.

Реал стана првиот тим кој се врати од негатива од 2:0 во една плејоф серија во Евролигата и со 3:2 го победи Партизан, по што стана јасно дека тепачката која беше испровоцирана во шпанската престолнина повеќе им годеше на „кралевите“.

Јабуселе поради суспензијата ги пропушти и натпреварите во Каунас каде се играше фајнал-фор завршницата во Евролигата, но откако Реал повторно стана европски шампион, сепак доби и поздрав од своите соиграчи.

Неколку дена по финалето со Олимпијакос, се појави видео на кое се гледа дека Хезоња имал посебна честитка за Јабуселе, бидејќи според него, тој го променил текот на цела сезона со својот уличарски потег во „ВиЗинк арената“.

– Ти ја промени нашата е.ена сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни