Поврзете се со нас

Шпанија

Хетафе и го нанесе првиот пораз на Барселона во ерата Куман (Видео)

Објавено

на

Барселона го претрпе првиот пораз во ерата на Роналд Куман, откако тимот на холандскиот стручњак вечерва не ги искористи своите шанси на гостувањето во Мадрид, а потоиа беше казнет во вториот дел.

Гостите од Каталонија ја тресеа рамката од голот преку Меси во првото полувреме, во овој дел од играта Гризман не искористи и стопроцентна шанса, а потоа во второто полувреме следеше жестока казна за нереализираните прилики.

Хетафе доби пенал по 56 минути игра и истиот го реализираше Хаиме Мата за водство од 1:0, кое на крајот се покажа како клучно за огромна победа на мадридскиот тим во дуелот со каталонскиот гигант. Барселона не успеа да се соземе од шокот, па иако имаше две шанси за израмнување во судиското надополнување, не успеа да освои ниту бод.

Лео Меси беше во одлична шанса, но биеше непрецизно, а во 95-та минута, стоперот Џене за малку ќе си постигнеше автогол кога ја погоди гредата по лошата интервенција.

На крајот, Хетафе оствари прва победа над Барса во Примера по 2011-та година, а воедно му го нанесе и првиот пораз на Куман кој дефинитивно има уште многу работа пред себе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни