Поврзете се со нас

Шпанија

Хетафе го шокираше Атлетико со два гола во финишот на средбата (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/GetafeCF

Атлетико Мадрид имаше водство до 88. минута, но на крајот остана со празни раце на гостувањето кај градскиот ривал Хетафе.

Тимот на Диего Симеоне доби помалку контроверзен пенал во завршницата од дуелот, а Сорлот го претвори во гол за 0:1 и важно водство во 75. минута на средбата.

Хетафе не наоѓаше начин да го загрози Облак се до црвениот картон на Кореја, кој ги разбуди домашните фудбалери. Само една минута подоцна, Арамбари погоди по една мешаница за 1:1, а долгото судиско надополнување донесе и погодок за пресврт.

На листата на стрелци повторно се најде Арамбари, кој со вториот гол ги постави конечните 2:1 и донесе прва победа за Хетафе над Атлетико по многу натпревари и неуспеси.

Атлетико сега има бод помалку од Барселона, која има натпревар помалјку, а со победа на Реал ќе се најде на третото место на табелата.

Головите можете да ги погледнете ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни