Поврзете се со нас

Германија

Хет-трик на Вернер, „биковите“ повторно немилосрдни кон Мајнц (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на РБ Лајпциг по вторпат во оваа сезона во врв ја наполни мрежата на Мајнц. Во месец ноември „биковите“ пред своите гледачи славеа со 8-0, додека пак на денешната средба на „Опел Арена“ победија со 5-0.

Како и на првата средба најрасположен за погодоци беше Тимо Вернер кој запиша нов хет-трик против Мајнц и сега е на бројката од 24 голови во Бундеслигата или поточно е „само“ на минус три во однос на водечкиот на листата на стрелци Роберт Левандовски од Баерн Минхен.

Освен Тимо денеска на вистинското место во 23 и 36 минута се најдоа Поулсен и Сабицер. Лајпциг со 54 бода е на третото место на табелата зад Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Во следната рунда избраниците на Нагелсман ја пречекуваат Херта од Берлин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни