Поврзете се со нас

Италија

Хет-трик на Милик, Јувентус обезбеди билет за полуфиналето на Купот на Италија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Екипата на Јувентус е последниот патник во полуфиналето на Купот на Италија, билет за кој се избори со убедливата победа над Фрозиноне од 4-0.

Домаќините важеа за големи фаворити и тоа го потврдија на соочувањето во Торино каде во фокусот беше полскиот интернационалец Милик кој беше автор на три гола.

Напаѓачот прво стрелаше од пенал, а потоа и од игра во 38 и 48 минута од натпреварот. Точка на триумфот стави младиот Јилдиз со атрактивен погодок во 61 минута.

Противник на Јуве во полуфиналето е Лацио, другиот пар го сочинуваат Аталанта и Фиорентина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни