Хет-трик на Меси, Барселона ја продолжи победничката серија на „Камп Ноу“ (Видео)

barsa

Фудбалерите на Барселона го оправдаа статусот на фаворити и славеа над Мајорка со 5-2 во последниот натпревар од денешната програма во шпанската Примера.

Каталонците одиграа уште една квалитетна средба пред своите гледачи и со тоа ја продолжија победничката серија на „Камп Ноу“ каде имаат седум од седум. Капитенот Лионел Меси беше супер расположен и реализираше хет-трик со што дојде до бројката од 12 голови во Шпанија со што го презема првото место на листата на стрелци.

Мрежата на Реина исто ја затресоа Гризман и Суарез, додека на спротивната страна Будимир двапати го матираше Тер Штеген.

Барса има 34 бодови со што е на првото место на табелаат заедно со лутиот ривал Реал Мадрид.

Facebook Коментари