Поврзете се со нас

Лига Европа

Хет-трик на Фернандеш, Јунајтед обезбеди место меѓу најдобрите осум во ЛЕ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Екипата на Манчестер Јунајтед го совлада Реал Сосиедад (4-1) и успеа да ја мине осминафиналната фаза во Лига Европа.

Премиерлигашот беше подобар и поконкретен ривал на вечерашното соочување на „Олд Трафорд“ и сосема заслужно го елиминираше шпанскиот претставник од ова натпреварување.

Првите три гола паднаа со удари од белата точка, Сосиедад поведе преку Ојарзабал за да потоа капитенот на домаќините Фернандеш двапати реализира од пенал линијата.

Во 63 минута клубот од Баскија заработи црвен картон што дополнително им ја олесна работата на избрнаиците на Аморим кои во продолжението преку Фернадеш и Дало го потврдија убедливиот триумф и двомечот со Лион за пласман во полуфиналето.

ОВДЕ погледнете ги головите.

Лион денеска ја прегази ФЦСБ со 4-0, а Тотенхем со 3-1 го доби Аз Алкмар и продолжува во наредната фаза каде за противник ќе го има бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни