Поврзете се со нас

Англија

Хески го посочи играчот кој е најголемото разочарување во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:instagram.com/theemileheskey

Бруно Фернандеш дефинитивно потфрли со своите настапи од стартот на сезоната и премногу ретко има добри денови за стандардите кои ги наметна во Манчестер Јунајтед, па токму поради тоа е окарактеризиран како промашување на сезонатао од легенда на Ливерпул.

Емил Хески смета дека јавноста посебен фокус стандардно става на играчите кои пристигнале во летниот преоден рок, но во неговите очи, најголемо разочарување е капитенот на „црвените ѓаволи“.

– Во моите очи најголемо разочарување е Бруно Фернандеш. Со години наназад го водеше тимот, постигнуваше голови и делеше асистенции, но од човек кој ја носи капитенската лента, сега очекувате и повеќе.

– Знам дека не може сам да направи ништо, но како капитен сметам дека може да понуди повеќе. Сакам да видам лидерски квалитети, а мислам дека досега не презентираше нешто такво. За еден капитен не е доволно да има само добар настап против Ливерпул како пред неколку дена.

– Дефинитивно има тешка сезона и интересно е да се види каква иднина ќе има со Рубен Аморим. Не станува збор само за една работа, мислам дека ова е последица на збир од неповолни околности, – потенцира Хески.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни