Поврзете се со нас

Шпанија

Хесе ја најави идната ѕвезда на Реал: Ќе бидете воодушевени кога ќе дојде…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Palmeiras

Хесе Родригез е поранешен играч на Реал Мадрид и фудбалер кој никогаш не го реализираше најавениот потенцијал во дресот на „кралскиот клуб“, по што се пресели во ПСЖ а кариерата му тргна во надолна линија.

Последниот тим во кој настапуваше Шпанецот е бразилска Коритиба, а во јужноамериканската земја Хесе имал можност почесто да ги следи настапите на новата голема ѕвезда Ендрик.

Членот на Палмеираш веќе има договор со Реал Мадрид и наскоро ќе го засили шпанскиот клуб, а во емисија на „Кадена Сер“ добил многу комплименти од Хесе.

– Играв против него и можев да го гледам на повеќе натпревари.

– Ќе бидете воодушевени кога ќе дојде, навистина е одличен фудбалер. Брзина, дриблинзи, реализација, сака да асистира, се работи за комплетен фудбалер кој поседува голем талент, – рекол Хесе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни