Хесе ја ќари „каталонската барбика“ и се пофали на социјалните мрежи (Фото)

jse-janiar

Хесе Родригез пред нешто повеќе од една година излезе од една бурна врска со Аура Руиз од која доби и едно дете, а ако некогашниот голем талент на Реал Мадрид има проблем да се докаже на фудбалскиот терен, мора да се напомене дека добро му оди на љубовен план.

Се уште актуелниот играч на ПСЖ се пофали дека има нова девојка со која повторно ја пронашол својата среќа, а во случајот, станува збор за уште една крајно атрактивна девојка која е надалеку позната во Каталонија. Поради својот изглед, Јанира Барм е наречена „каталонска барбика“ од страна на медиумите кои се занимваат со модата, а сега Хесе се пофали дека ја „ќарил“ оваа убавица.

janira

janira3

janira1

janira2

janira-2

Facebook Коментари