Поврзете се со нас

Свет

Херојски чин: Рики Пуч асистираше за финале со скинат преден вкрстен лигамент! (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LAGalaxy

Рики Пуч како голем талент на Барселона не доби вистинска шанса во првиот тим од Чави Ернандес, а тоа го натера да направи трансфер далеку од дома, или поточно во МЛС лигата.

Талентираниот фудбалер се претвори во лидер на Лос Анџелес Галакси и на натпреварот против Сиетел го водеше својот тим до големото финале во МЛС лигата, но начинот на кој го направил тоа е навистина нестварен.

Имено, Пуч заработил незгодна повреда на коленото во 60-та минута од полуфиналето, но останал да доигра уште 30 минути на теренот со скинат преден вкрстен лигамент.

Не само тоа, шпанскиот играч за врска успеал да ја испорача и клучната асистенција за финале до својот соиграч Јовелјиќ во 85-та минута, што прави овој натпревар да влезе во аналите на МЛС лигата.

Неколку часа по пласманот во финалето, Лос Анџелес Галакси за жал потврди дека Рики заработил кинење на предниот вкрстен лигамент на коленото, поради што ќе го пропушти завршното сценарио за титулата против Њујорк Ред Булс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни