Поврзете се со нас

Шпанија

Херојска победа на Димитриевски и соиграчите, Рајо на чекор од опстанок во Ла Лига

Објавено

на

Foto:twitter.com/RayoVallecano

Рајо Валјекано оствари круцијална победа на домашен терен против отпишаната Гранада и освои три бода кои можат да значат опстанок, бидејќи на Столе Димитриевски и соиграчите сега потребен им е само бод за математички да осигураат место во елитата во последните две кола.

Всушност, Рајо може да си дозволи да не освои и ниту еден бод ако се Кадис не оствари две победи во завршните две рунди, па јасно е дека Столе и неговите колеги ќе дишат многу помирно во самата завршница од шпанската лига.

Денешниот натпревар против Гранада тргна навистина лошо поради исклучувањето на Трехо во 5-та минута, но Рајо се избори за херојска победа со 10 играчи на теренот и покажа дека по секоја цена сака да остане во елитата.

Лежен погоди за 1:0 во 23-та минута, па иако Гранада имаше голем посед на топката во свои нозе, Рајо беше тој кој беше далеку поопасен преку контри.

Домаќините ја дочекаа својата шанса и преку Де Фрутос зголемија на 2:0 на десет минути пред крајот, а Гранада само во финишот ги постави конечните 2:1 преку Боје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни