Поврзете се со нас

Македонија

Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!

Објавено

на

Филип Талески се претвори во херој за Вардар во Куп финалето кое денеска се одигра во Кавадарци, бидејќи со својата „бомба“ во последниот напад, донесе шампионско славје за тимот од Скопје.

Македонскиот репрезентативец ја презема одговорноста во најважниот момент од мечот и со неодбранлив удар го совлада фантастичниот Секељеи на пет секунди пред крајот, па така голот за 23:22 се покажа како одлучувачки во натпреварот.

Талески беше избран за МВП на финалето поради голот кој го постигна и фактот што беше најдобар стрелец со шест голови, па како креатор на извонредниот пресврт на Вардар, имаше и интересна изјава по крајот на финалето.

– Финалето го пресуди нашиот каратер, го пресуди името Вардар. Името Вардар е многу тешко. Изминатите години овој тим секогаш покажува карактер кога е најпотребно. Знае да победува и кога губи, никогаш не се откажува и игра до последната секунда. Тоа го покажавме и денеска. Тие ни направија серија од 8:0 што не е дозволиво, имаа предност од пет гола во вториот дел, но ние останавме до она на што се договоривме.

– Направивме пресврт на крајот, верувавме до крајот и карактерот на Вардар и поголемата желба за победа го направија своето. Честитки за Пелистер, но повторно останаап окуси, немаа храброст во клучните моменти, немаат играч кој презема одговорност. Денеска имав доста грешки, ме немаше речиси од првото полувреме до 50-та минута, но верував во победа. Му кажав на Мишевски дека ќе го решам финалето, можето слободно да го прашате за тоа, – изјави Талески.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни