Поврзете се со нас

Шпанија

Херојот против Баерн го следи чекорот на Начо: Уште еден играч си заминува од шампионскиот тим на Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Хоселу Мато си го исполни својот сон со враќање во саканиот Реал Мадрид, а по бајката која ја доживеа во изминатите 10 месеци, корпулентниот голгетер сепак решил да не ја прифати понудата која му била доставена на маса.

Исто како во случајот со капитенот Начо, Флорентино Перез доставил понуда во времетраење од една година, но Хоселу смета дека изминатата сезона во Реал било доволно добра за да затвори едно незаборавно поглавје во својата кариера.

Како што информира угледната „Марка“, искусниот голгетер има богата милионска понуда на маса од Саудиска Арабија и ќе го следи истиот чекор на Начо, односно ќе замине на егзотична дестинација по неповторливата сезона на индивидуален план.

Хоселу беше херојот во полуфиналето во Лигата на шампионите и неговите голови го однесоа Реал Мадрид во ново финале на „Вембли“, каде подоцна „кралевите“ ја освоија 15-та титула во најелитното натпреварување.

Иако беше стандардна резерва, Хоселу и тоа како ги оправда очекувањата на „Сантијаго Бернабеу“, а доказ за тоа се и бројките кои велат дека постигна 17 гола на 49 настапи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни