Лига на шампиони
Херојот од Салцбург и трагичарот од Лион: Голманот на Ред Бул одбрани три пенали во две минути (Видео)
Вчеравечер се одигра второто полуфинале во Лигата на шампионите и од истото дознавме дека Баерн Минхен е вториот патник во големото финале во Лисабон, но претходно, во попладневната програма, се одигра и еден крајно возбудлив меч во младинската Лига на шампиони.
Салцбург направи пресврт и во еден исклучително офанзивен натпревар го победи Лион со 4:3, па така францускиот клуб во ист ден доживеа елиминација и во младинска и во сениорска конкуренција.
Тимот од Австрија се пласираше во полуфиналето, но наспроти постигнатите седум гола, од споменатиот меч ни пристигна и една сцена која нависите вреди да се одбележи.
Со своето вчерашно издание, навистина популарен во својата земја стана младиот голман Даниел Антош, кој во период од две минути, му одбрани дури три пенали на ист играч.
Голманот на Салцбург на двапати остануваше без награда откако судијата го повторуваше пеналот поради тоа што прерано го напушта голот, но тоа не го деконцентрираше Антош, кој и во третиот обид му го одбрани пеналот на противникот. Ако Антош беше херој, во дадената ситуација вистински трагичар беше Флоран Да Силва, фудбалерот на Лион кој три пати едно по друго не успеа да реализира пенал.
-
Светпред 19 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 19 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 20 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
НБАпред 11 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Шпанијапред 4 часа
Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот
-
Светпред 21 час
Срна за најтешкиот момент во кариерата: Тоа ме повреди повеќе и од смртта на мојот татко